| Секој петти штипјанец умира од рак |
|
|
|
|
Процентуално, од рак повеќе умираат мажи отколку жени, односно, соодносот е 55% наспроти 45%. Од повекето видови на оваа тешка болест, во Штип кај мажите, најчест е ракот на белите дробови,желудникот, простатата и дебелото црево. Жените, најчесто се погодени од рак на дојката и матката, а потоа на белите дробови и дебелото црево. Причините за него најчесто се несоодветна исхрана и стресот. Оттука, клучна за избегнување на смртоносната болест е пред се превенцијата. Инаку, во 1975 година, од рак во Штип и Карбинци, починале 30 лица ( 13 %), во 2005-та - 93 (17,6%) , додека денес само во Штип тој е причина за смртта на над 100 лица ( 18,5%).Во однос на другите градови, ракот во државата ракот во Штип е поприсутен а во однос на другите болести тој е втора причини за смртта |



